• понеделник, 23 декември 2024

Грета Тунберг се сретна со нобеловката Малала Јусуфзаи

Грета Тунберг се сретна со нобеловката Малала Јусуфзаи
Оксфорд, 26 февруари 2020 (МИА) - Климатската активистка Грета Тунберг и нобеловката Малала Јусафзаи се сретнаа на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија. Разговараа за својот активизам меѓу себе, но и со другите студенти. Јусафзаи на Оксфорд студира филозофија, политика и економија. „Таа (Грета) е единствена пријателка поради која би прескокнала настава", напиша Јусафзаи на Твитер. Тунберг пак, во својата објава како одговор на тоа, ја нарече - пример за самата себе. Малала Јусафзаи е од Пакистан и, 2014 година, на свои 16 години, стана најмлада добитничка на Нобелова награда за мир. Позната е по своите заложби за правата на жените и правото на образование. Пред осум години, талибанци се обидоа да ја убијат, но беше спасена со операција. си/

Остани поврзан