• недела, 17 ноември 2024

Грен слем шампионката Радукану елиминирана во второто коло на Австралија опен

Грен слем шампионката Радукану елиминирана во второто коло на Австралија опен

Мелбурн, 18 јануари 2024 (МИА) - Ема Радукану е елиминирана од Австралија опен. Поранешната шампионка на УС опен загуби денес во второто коло од кинеската тенисерка Јафан Ванг со 6:4, 4:6, 6:4.

Британката која се прослави со освојувањето на титулата во Њујорк како квалификантка, се врати на теренот по подолга пауза. Но, во второто коло на турнирот во Мелбурн загуби од 94. тенисерка во светот.

Ванг славеше по речиси три часа игра, го постигна најдобриот резултат на Грен слемовите во кариерата. Таа го диктираше ритамот на игра, а мечот го заврши со 42 „винери“ и 32 неизнудени грешки. Од друга страна, Радукана имаше 45 директни поени и 57 неизнудени грешки во поле.

Следна ривалка на Ванг ќе биде нејзината сонародничка Кинвен Женг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан