Греми награди: Џон Батист со шест признанија, Оливија Родриго „откритие на годината“
- Џон Батист доби шест признанија на 64. доделување на американските музички награди Греми во Лас Вегас.
Лас Вегас, 4 април 2022 (МИА) - Џон Батист доби шест признанија на 64. доделување на американските музички награди Греми во Лас Вегас.
Четири награди освои проектот Силк Соник на Бруно Марс и Андерсон Пак.
Поп ѕвездата Оливија Родриго беше прогласена за „откритие на годината“.
За најдобра рок изведба, признание доби бендот Фу Фајтерс за „Making a fire“. Бендот е награден и за најдобар рок албум.
„Jail“ на Кање Вест и Џеј Зи доби признание за најдобра рап песна, а за кантри песна, се награди „Cold“ на Крис Стаплтон.
Греми наградите, од 1959 година, ги доделува американската Академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС). бд/