• четврток, 05 декември 2024

Грег Попович закрепнува од мал мозочен удар добиен на 2 ноември

Грег Попович закрепнува од мал мозочен удар добиен на 2 ноември

Сан Антонио, 13 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103). Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем.

Времето за целосно да закрепне легендарниот тренер во НБА-лигата сè уште не е одредено.

Во отсуство на Попович, како главен тренер на Сан Антонио ќе ја извршува помошниот тренер Мич Џонсон. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан