• понеделник, 23 декември 2024

Грегановиќ: Атлетите од Специјална Олимпијада покажаа дека можеме да се носиме со најголемите спортски сили

Грегановиќ: Атлетите од Специјална Олимпијада покажаа дека можеме да се носиме со најголемите спортски сили

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) – НЛБ Банка денес организираше неформално дружење со атлетите на Специјална Олимпијада на Македонија и нивните тренери, кои се вратија од последната Светска Олимпијада во Берлин со освоени пет медали. Претседател на Управниот одбор на НЛБ, Бранко Грегановиќ, им оддаде признание на македонските атлети за големиот успех.

 

- Нашите атлети со петте освоени медали во Берлин докажаа дека можат да се надминат бариерите и да се прошират спортските вештини Медалите се доказ дека имаме сериозен спортски квалитет и несовладлив спортски дух. Покажавме дека можеме да се носиме рамо до рамо со најголемите спортски сили. Вие не направивте горди, се боревте лавовски и самоуверено и ја претставивте Македонија во најдоброто светло. Вие сте навистина наша инспирација, изјава Грегановиќ.

 

Моника Бошкоска, претседател на Специјална Олимпијада посочи на големиот придонес на банката за постигнатите резултати и освоените одличија.

- За Берлин отидовме со 19 атлети, а се вративме со пет медали. Покрај заслугата на атлетите, голема заслуга имаат и тренерите, а најголема благодарност до НЛБ Банка, бидејќи без нивна поддршка, ние немаше да одиме во Берлин, рече Моника.

 

Претставничката на Специјална Олимпијада на Македонија на Грегановиќ му додели дрес со број 1.

 

Од името на атлетите благодарност до НЛБ искажа Јулијана Петровска, носителка на сребрен медал во атлетика, категорија скок во далечина од место.  
Покрај Петровска, медали во Берлин освоија и: Агрон Хајредини, Стефан Трпковски, Марио Мицковски и Јане Никодиновски. зс/

Остани поврзан