• понеделник, 23 декември 2024

Граѓански здруженија: Штом во лето не се презема нешто околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог

Граѓански здруженија: Штом во лето не се презема нешто околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Јане Димески од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ денеска нагласи дека штом власта во лето не презема ништо околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог.

Граѓански здруженија денеска од пред Собранието побараа претседателката Гордана Сињановска Давкова да не го потпише Указот за програсување на Законот за урбанистичко планирање. Тие имаат забе

-Ние како граѓански иницијативи уште на изборите и во текот на кампањите баравме од партиите да се произнесат со конкретни мерки кои би се преземале веднаш по воспоставувањето на власта. Во оваа власт има амбициозно ветување дека ќе го замени начинот на греење на над 600 јавни објекти во Македонија кои трошат нафта и мазут. Но, ако тоа досега не е преземено нешто за летово да се почне да се менуваат тие системи на загревање, барем од аспект на јавните објекти загадувањето ќе остане исто и ќе не очекува зима со смог. Ќе се молиме да дувне ветер од некаде и со полни клиники, рече Димески. фф/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан