• понеделник, 25 ноември 2024

Граѓани во Софија протестираа за поддршка на Украина пред зградата на бугарското претседателство

Граѓани во Софија протестираа за поддршка на Украина пред зградата на бугарското претседателство
Софија, 5 октомври 2022 (МИА) - Бугарски граѓани се собраа на протест пред зградата на Претседателството за поддршка на пристапот на Украина во Европската Унија и НАТО, именуван „ДА за Украина - НЕ за Радев!“, јавува дописникот на МИА од Софија. Организаторите на протестот, граѓанското движење „Борец“ соопштија дека луѓето дошле на протестот за да ја осудат срамната одлука на претседателот на Бугарија, Румен Радев, да не ја потпише декларацијата на неговите европски колеги за поддршка на барањето и желбата на Украина за членство во НАТО. Тие ги повикаа граѓаните да донесат црвени предмети, стара облека и обувки да се натрупаат пред зградата на Претседателството во Софија, создавајќи го купот срам што ќе биде симбол и споменик на про-кремељска, антибугарскаа, анти-украинска, анти-европска политика на Румен Радев. Демонстрантите извикуваа „Оставка“ и носеа плакати на кои пишуваше „Да, Украина во НАТО и ЕУ“ и „Срамота“. За време на протестот имаше засилено полициско присуство во областа. По овој повод, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, при посетата на Свиленград, рече дека форматот на декларацијата „Украина во НАТО“ прво да биде во рамките на целата ЕУ, а потоа и во НАТО. - Во моментов не можам да судам за формата на самата декларација. Според него, силната одлука е да се подготви заеднички текст за Европа по многу внимателни анализи и преговори, тогаш документот би бил посилен. Таа и в.д. министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов беа во Свиленград на свечената прослава на 110-годишнината од ослободувањето на градот и почетокот на Балканската војна. нк/ссм/

Остани поврзан