• понеделник, 23 декември 2024

Грант: Во чинијата на Роналдо, киноа, авокадо, неколку јајца, никој од играчите не ја допре тортата

Грант: Во чинијата на Роналдо, киноа, авокадо, неколку јајца, никој од играчите не ја допре тортата
Манчестер, 13 септември 2021 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед, Ли Грант откри дека напаѓачот Кристијано Роналдо веќе влијае на неговите соиграчи во однос на здравата исхрана. - Петок навечер, хотел. Обично, на крајот на вечерата може да си дозволите пита со јаболка, англиски крем од јајца, млеко или крем со шеќер на пареа, чоколадна торта или нешто друго. Но, ниту еден играч не допре такво нешто. Дали сите видоа што има во чинијата на Кристијано? А што имаше во неа? Киноа, авокадо и неколку тврдо варени јајца. Овој човек е во неверојатна форма. Го има речиси најдоброто тело во тимот ... После мене, се пошегува Ли Грант. Роналдо и на 36-годишна возраст е во извонредна физичка подготовка со далеку подобри перформанси од многу помлади фудбалери. зс/

Остани поврзан