• понеделник, 25 ноември 2024

Гранди: Загрижен сум што војната во Украина е заборавена

Гранди: Загрижен сум што војната во Украина е заборавена

Женева, 24 јануари 2024 (МИА) – Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди денеска изјави дека е загрижен бидејќи, како што наведе, војната во Украина е заборавена.

Тој рече дека е важно, и покрај другите глобални кризи, да се потсети на меѓународната заедница дека Украинците „преживуваат брутална војна“.

- Мислам дека голема разлика во однос на минатата година е тоа што оваа година војната во Украина не е новост во светот. Некако постои тренд на навикнување на украинското страдање, рече Гранди. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан