• недела, 22 декември 2024

Град Скопје: Се ревидира зошто Перински вработил речиси 100 лица во ЈП „Водовод и канализација“

Град Скопје: Се ревидира зошто Перински вработил речиси 100 лица во ЈП „Водовод и канализација“
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Град Скопје соопштува дека по најава од пред еден месец вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Перински покажала дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци. - Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација - Скопје. Партизацијата и корупцијата е рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци, се наведува во соопштението на Град Скопје. Отааму посочуваат дека нема да дозволат средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да дозволат корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси. Златко Перински на 9 септември годинава беше разрешен од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. -Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д, директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стои во соопштението од Град Скопје.фф/цр

Остани поврзан