• четврток, 26 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Град Скопје: РКЕ го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија на ГЕС

Град Скопје: РКЕ го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија на ГЕС
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) - Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија на градското јавно претријатие Градски енергетски систем (ГЕС) поради што ГЕС не е и не може да биде лиценциран дистрибутер на топлинска енергија до домаќинствата, инфомрираат од Град Скопје. - Член 151 став 1 од Законот за енергетика е јасен и може да важи само доколку ГЕС како претпријатие ја има лиценцата и е лиценциран дистрибутер на топлинска енергија до домаќинствата во Скопје, што во случајот е јасно дека не е и не може да биде се додека не ја добие потребната лиценца. Затоа е срамно и неодговорно упорно да се вперува прстот кон Град Скопје посочувајќи го Градот како надлежен и одговорен за сите пропусти на централната власт, кои пет месеци не преземаа ништо и сме можеби единствена држава која нема мерки за справување со енергетската криза, освен што ги зголемија цените за електрична и топлинска енергија и удрија по џебот на граѓаните, посочуваат од прес-службата на Град Скопје. Оттаму ја повикуваат Владата да покаже одговорност и итно да донесе јасен план за помош на граѓаните, како што постапи секоја Влада во состојба на енергетска криза. Посочуваат дека низ цела Европа, владите уште од септември преземале мерки за помош од енергетската криза, како и за амортизирање на ценовниот шок, додека, како што велат, кај нас месеци подоцна, Владата не само што не поднесува одговорност туку и сака истата да ја префрли на Град Скопје, кој е оставен во големи долгови токму од претходното градско раководство кое беше раководено од СДСМ. - СДСМ секојдневно се обидува својата одговорност да ја префрли на локалната самоуправа, со веќе слушнати и секојдневно повторувани тези дека снабдувањето со топлинска енергија и затоплување на домовите на скопјани е во надлежност на Град Скопје. Да појасниме уште еднаш дека Град Скопје ги знае своите надлежности и за разлика од претходното раководство кое го остави Градот задолжен и со доспеани долгови, Градот овој четиригодишен мандат ќе го насочи на креирање и имплементација на проекти и политики кои значат подобар и поквалитетен живот за скопјани. Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија на Градскиот енергетски систем ГЕС. Истото до денес не е реализирано и се води управна постапка за разрешување на овој спор, истакнуваат од Град Скопје.фф/вј/

Остани поврзан