• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје не добиле никаков допис за потпорниот ѕид на Скопското Кале, одговорност од НУ „Конзерваторски центар“

Град Скопје не добиле никаков допис за потпорниот ѕид на Скопското Кале, одговорност од НУ „Конзерваторски центар“

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Град Скопје информира дека нема добиено никаков допис од ниту една институција во врска со оштетениот потпорен ѕид на Скопско Кале. За проблемот со потпорниот ѕид на Скопското Кале, упатуваат на Конзерваторскиот центар.

- Надлежностите на градот завршуваат со коловозот и тротоарите на ул. Лазар Личеноски. Бидејќи до овој момент до градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на Скопското Кале на страната на ул. Лазар Личеноски, ги упатуваме од општина Центар да се приклучат на дописот на градот Скопје до Министерството за култура и НУ „Конзерваторски Центар“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Претходно, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на својот фејсбук профил сподели фотографии од оштетениот ѕид на Скопско Кале, посочувајќи дека Општина Центар нема ингеренции и надлежности, поради што не смее да постапува, но дека со оглед на сериозноста на работите од Општина Центар е испратен допис до Град Скопје за решавање на проблемот. сх/бак/

Остани поврзан