• петок, 22 ноември 2024

Град Скопје: Градежната офанзива за 2020 година е завршена

Град Скопје: Градежната офанзива за 2020 година е завршена
Скопје, 29 ноември 2020 Во текот на иницијативата на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници. Дополнително, на градските сообраќајници беше поставен нов асфалт во должина од 40 километри, што за споредба е подеднаква должина колку патот Скопје-Куманово. Паралелно, се пробиваат нови мостови, улици и булевари во вкупна должина од 2.5 километри, со изведба на нови велосипедски патеки на 5 улици, како и нови тротоари со дрвореди и жардињери на уште 5 улици. Значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран источниот влез во градот. Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови. Град Скопје __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан