• понеделник, 23 декември 2024

Градскиот автобус на линијата 4 од денеска ќе поминува кај пазарчето и црквата во Ѓорче Петров

Градскиот автобус на линијата 4 од денеска ќе поминува кај пазарчето и црквата во Ѓорче Петров
Скопје, 11 април 2022 (МИА) – Градските автобуси кои сообраќаат на линија 4 во реонот на Ѓорче Петров од денеска ќе се движат по нова, изменета траса од досегашната, односно ќе минуваат од кај пазарчето и црквата „Свети Апостол Петар и Павле“. -Во насока од 11 Октомври кон Хром, од булевар „Партизански одреди“ возилата ќе сообраќаат до кружната крстосница кај црквата „Свети Апостол Петар и Павле“, потоа ќе вртат лево по булевар „Македонска војска“, па ќе продолжуваат лево по улица „Ѓорче Петров“ и кај кружниот тек (споменик на Ѓорче Петров) ќе вртат десно по улица „Воин Драшковиќ“ до крајната/почетната постојка во Хром, информираат од ЈСП Скопје. Нагласуваат дека посочениот режим важи и во обратна насока, односно од Хром кон 11 Октомври. -Новиот режим на сообраќање е согласно измената на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, која беше донесена на последната Седница на Совет на Град Скопје со која се усвоија и нови возни редови за повеќе линии. Со одлуката, извршено е усогласување на возните редови на линиите 4, 4а, 64а, 73 и 163 кои се достапни на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk, велат од ЈСП. Посочените корекции, додаваат, се направени врз основа на искажаните потреби на корисниците на јавниот превоз и извршените анализи на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING, се со цел давање поквалитетни превозни услуги и поголема достапност на корисниците до мрежата на линии.вј/лв/

Остани поврзан