• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалничката Арсовска во средното училиште „Боро Петрушевски“ го промовираше новиот образовен профил за техничари

Градоначалничката Арсовска во средното училиште „Боро Петрушевски“ го промовираше новиот образовен профил за техничари

Скопје, 3 ноември 2023

Градоначалничката Данела Арсовска во средното училиште на Град Скопје „Боро Петрушевски“ го промовираше новиот образовен профил за техничари за возила на алтернативен погон. Новиот образовен профил се воведува за прв пат од оваа учебна година во паралелки со вкупно 50 ученици.

- Ми претставува особено задоволство кога гледам дека нашите скопски средни училишта се прилагодуваат на светските трендови особено со воведување нови, иновативни образовни профили кои се според барањата на пазарот на трудот а во насока на развој и унапредување на образовниот процес за идните млади професионалци. Скопските средни стручни училишта се лидери во Македонија во овој поглед и стручното образование од година во година е се попривлечно. Со воведувањето на дуалното образование во образовниот процес во средните стручни училишта, на учениците им се овозможува да се стекнат со практични знаења и да имаат можност веднаш да се вклучат во работните процеси без потреба од доквалификација. Градот Скопје е посветен токму на ваквиот развој на нашите средни училишта, а заедно со вложувањата што ги правиме за обнова и реконструкција на училишните капацитети во средните училишта, поставуваме стандард за тоа како треба да изгледа еден системски пристап во сегментот средното образование во државата – истакна денеска градоначалничката Арсовска, при посетата на АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Арсовска со професорите и учениците во училишната работилница беа дел од презентацијата на подготвените практични задачи за новиот образовен профил за техничари за возила на алтернативен погон. 

Техничарот за возила на алтернативен погон по завршување на своето образование ќе може да работи во индустријата за производство на моторни возила и делови за моторни возила, одржување и поправка на моторни возила, односно секаде каде што се вклучени возилата на алтернативен погон.



Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан