• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот на Ресен се вакцинираше против Ковид - 19

Градоначалникот на Ресен се вакцинираше против Ковид - 19
Ресен, 14 мај 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски денеска ја прими првата доза вакцина против Ковид – 19, од кинескиот произовдител Синофарм во регионалниот вакцинален пункт во спортскиот центар „Бијанини извори“ во Охрид. По вакцинацијата, изјави дека се чуствува одлично и оти ќе ги следи препораките на здравствените работници, со апел до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што рече, само на тој начин можат да се заштитат себе и своите најблиски. - Се вакцинирав, пред се, да ги заштитам моите најблиски. Како доктор и како градоначалник сакам да упатам апел до граѓаните масовно да се пријават и да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин да се победи оваа подла болест, нагласи Гошаревски. Ресенскиот градоначалник упати благодарност до организираторот и медицинските тимови, а организацијата на вакциналниот процес ја оцени на највисоко ниво. -Голема пофалба за организаторот, медицинските тимови, администрацијата на локалната самоуправа од Охрид, полицијата и војската, кои активно се вклучени во процесот. Од она што можев да забележам има огромен интерес меѓу населението и се надевам во периодот што следува ќе биде уште по масовно, рече Гошаревски. Градоначалникот нагласи дека терминот за вакцинација го добил по претходна најава на vakcinacija.com.mk . сс/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан