• вторник, 17 декември 2024

Градоначалникот Коцевски апелира до рекреативците да носат заштитни маски

Градоначалникот Коцевски апелира до рекреативците да носат заштитни маски

Велес, 31 јануари 2021 (МИА) - Двете пешачки патеки над велешкото езеро „Младост“,  едната од десната страна над патот кон шумата и другата која води непосредно покрај езерото, се масовно посетени од рекреативци од Велес и од други градови. 

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на последната прес-конференција потенцира дека убаво е што граѓаните наоѓаат време за рекреација во природа, но им забележа дека при тоа масовно не носеле заштитни маски.

Поради фактот што неделава во Велес има мал  пораст на заболените од КОВИД-19,тој апелира до посетителите на патеките, при престојот да ги почитуваат препораките и задолжително да носат заштитни маски.

-Упатувам апел до нашите сограѓани да ги почитуваат мерките за заштита и кога се наоѓаат на отворено, посебно кога се разминуваат со други рекреативци кои се наоѓаат на патеките, апелира Коцевски.

Едната пешачка патека на Велешко води покрај самиот брег на езерото, а другата десно од патот на влезот од езерото,  веднаш над опожарената шума, која веќе се обновува со нови садници.Покрај оваа патека, есенва беа засадени млади садници од багрем. Коцевски вети дека оваа патека, која е обрасната со трња, ќе наложи вработени од ЈКП „Дервен“ деновиве да ја исчистат за полесен пристап до неа на сите рекреативци. ад/мд/

Остани поврзан