• петок, 22 ноември 2024

Градоначалникот Ганиу во посета на Општина Арачиново

Градоначалникот Ганиу во посета на Општина Арачиново
Скопје, 21 март 2022 (МИА) – Зацврстувањето на соработката меѓу општините Чаир и Арачиново, беше фокусот на кој е ставен на денешната средба на градоначалниците на овие две општини, Висар Ганиу и Ридван Ибраими. Од Општина Чаир соопштија дека Ганиу кој бил придружуван од потпретседателката на оваа општина Сермине Пурини, констатирал дека оваа соработка е добредојдена, со оглед на блискоста и роднинските врски што ги имаат жителите на двете општини. Тој потенцирал дека со домаќинот се обврзале оти преку заеднички проекти ќе се обидат да влијаат врз подобрувањето на благосостојбата на жителите на двете општини. - Градоначалникот на Арачиново го потсетив дека Општина Чаир, но и јас како нејзин градоначалник отсекогаш сме биле и ќе продолжиме да бидеме подготвени и отворени за воспоставување добри односи на соработка со другите општини низ државата и пошироко, посочил Ганиу.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан