• петок, 22 ноември 2024

Градежни активности за реставрација на Саат кулата во Дојран

Градежни активности за реставрација на Саат кулата во Дојран
Гевгелија, 1 април 2021 (МИА) - Во Стар Дојран почнаа конзерваторските и реставраторски работи на сочуваните делови на Саат кулата и турската бања - амамот, со цел да се зачува автетичноста на културните објекти од 19 век, кои сигурно ќе привлечат големо внимание од страна на туристите и случајните минувачи и гости. Од Општината посочија дека двата објекти ќе бидат ставени во функција на развој на туризмот во Дојран и по нивната целосна реконструкција се очекува, по повеќе од еден век, да го вратат духот на старото дојранско маало. -Своевремено, со 10 метри височина, Саат кулата доминирала во просторот, а сега со предвидените 18 метри повторно ќе биде доминантна и забележлива во околината. Својата функција ќе си ја врати и саатот по кого некогаш за одење на работа се ориентирале трговците и рибарите, рече градоначалникот Анго Ангов. Ангов посочи дека според проектот, за чија реализација се одобрени 250.000 евра од ЕУ фондовите за прекугранична соработка, ќе бидат поплочени и постојните патеки што ги поврзуваат културните објекти со блиските дојрански улици.им/бт/

Остани поврзан