• четврток, 19 декември 2024

Градежни активности за изградба на нова спортска сала во кичевското село Грешница

Градежни активности за изградба на нова спортска сала во кичевското село Грешница
Кичево, 11 јуни 2020 (МИА) - Во селото Грешница во Кичевско денеска почна градежниот зафат за изградба на нова спортска сала во дворното место на училиштето „Фаик Коница“. Според проектниот план спортската сала ќе биде со површина од околу 1000 м². Почетокот на изградбата на новата спортска сала денеска го означија градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, министерот за образование и наука, Арбер Адеми , министерот за економија, Крешник Бектеши , како и преседателот на ДУИ Али Ахмети. Како што истакна директорката на училиштето Флорије Ќерими, инвестицијата е вредна близу 400.000 евра, одобрена од Министерството за образование и наука, а средствата се обезбедени преку Банка за развој при Совет на Европа и Буџет на Р.С.Македонија. Изведувач на работите е „Гранит“ АД Скопје, а техничкиот надзор е доверен на „Евро Консалтинг“ ДОО Скопје. Новиот градежен зафат е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“ финансиран од Владата. -Инвеститорот, Министерството за образование и наука, во проектниот план има предвидено и комплетно опремување на спортската сала, со ентериер, подна облога, справи за спортување, истакна Ќерими. По чинот на свеченото започнување на работите за изградба на овој инфраструктурен објект, лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека овој регион од секогаш со децении давал извонредни спортисти кои се истакнале пошироко овен на локално и на национално па и Европско ниво и со самата изградба на овој објект се надеваат дека ќе продолжи таквиот трендот и традиција за да се подигне квалитетот на спортот. -Сега не ни преостанува ништо друго него што по брзо да дочекаме сите заедно инаугурацијата на овој спортски објект кои ќе биде во служба на идните генерации посочи Ахмети. Според министерот за образование Абер Адеми, Министерството продолжува да инвестира во образованието и се надева дека во наредната школска година објектот ќе им служи на учениците, бидеќи како што рече, за околу седум месеци се очекува да биде даден во употреба. -Од овој објект се надевам дека ќе излезат спортисти како што и во минатото имало селото Грешница, со кои ќе се гордееме сите, истакна Адеми.рз/бт/

Остани поврзан