• петок, 29 март 2024

Градежните работи во Младинскиот парк во Велес ќе бидат завршени до средината на јуни

Градежните работи во Младинскиот парк во Велес ќе бидат завршени до средината на јуни

Велес,1 јуни 2023 (МИА) - Градежните активнсти што се изведуваат за реконструкција на  Младинскиот парк во Велес се одвиваат според планираното и ќе бидат завршени до средината на јуни, информираат од Општина Велес.

Во тие рамки на сите патеки и површини  старите гранитни плочи се заменуваат со нови.

На новинарско прашање од МИА, зошто не се искористат старите  квалитетни гранитни плочки и не се дополнат со нови само искршените, градоначалникот Марко Колев при неодамнешниот увид на градежните активности информира дека најголем дел, 60 проценти од гранитните плочки, според увид на нивните екипи,  биле искршени.

Тој најави дека преостанатите здрави гранитни плочи ќе бидат исористени за уредување на нови површини во Градскиот парк.

Во Амфитеатарот во Младинскиот парк се санираат седиштата и бината. Воедно направени се и санации на постоечаката бина и ѕидот над бината. Се замени  и старата ограда на ВИП ложата со нова, информираат од Општина Велес.

Тука на сцената на отворено во амфитетарот на Младинскиот парк се одржува и дел од програмата на манифестацијата Рацинови средби и многу други манифестации, приредби, прослави и концерти на групи и пеачи. ад/цр

Фото:МИА

Остани поврзан