• понеделник, 23 декември 2024

Гошаревски: Болнцата во Отешево и Здравствен дом Ресен ќе се приспособат за лекување болни од КОВИД-19

Гошаревски: Болнцата во Отешево и Здравствен дом Ресен ќе се приспособат за лекување болни од КОВИД-19
Ресен, 11 ноември 2020 (МИА) – Состојбата со коронавирусот на територијата на општина Ресен е релативно добра, оцени градоначалникот Живко Гошаревски, кој раководи со Општинскиот кризен штаб. Во моментот во Ресен активни се 93 случаи, од кои дел се хоспитализирани, а останатите се на домашно лекување. -  Кризниот штаб при Општина Ресен постојано ја разгледува состојбата со коронавирусот и ги презема сите мерки и одлуки кои се носат. Согласно одлуката на Министерството за здравство правиме подготовки за модуларна болница, каде ќе се лекуваат позитивните и суспектни пациенти од Ресен, истакна Гошаревски. Доколку се оддолжи постапката за монтирање модуларна болница, тој информира дека како алтернатива се разгледува специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација во Отешево каде има околу 60-70 легла. -  Имав состанок со директорите на болницата во Отешево и Здравствениот дом да се пренаменат простории да се приспособат за медицински услуги за лица позитивни на Ковид 19, бидејќи капацитетите на болниците во Охрид и Битола кои се Ковид центри се речиси исполнети, изјави Гошаревски за МИА. Тој нагласи дека во училиштата каде се одвива настава со физичко присуство дека се води сметка на хигиената и постојано се дезинфицираат просториите. -  Училиштата што работат со фузичко присуство, наставата се одвива нормално. Континуирано даваме заштитни средства и маски за учениците, рече градоначалникот и координатор на Кризниот штаб во Ресен. сс/аа/

Остани поврзан