Гоф ја победи Кис во три сета и се пласира во полуфиналето на „Ролан Гарос“
- Американската тенисерка Коко Гоф попладнево ја победи својата сонародничка Медисон Кис во четвртфиналето на Ролан Гарос со резултат 6:7 (6:8), 6:4, 6:1.
Париз, 4 јуни 2025 (МИА) - Американската тенисерка Коко Гоф попладнево ја победи својата сонародничка Медисон Кис во четвртфиналето на Ролан Гарос со резултат 6:7 (6:8), 6:4, 6:1.
Мечот траеше 2 часа и 13 минути. Дваесет и едногодишната Гоф имаше еден ас, 10 двојни грешки и девет освоени брејк топки од 17 шанси.
Триесетгодишната Кис имаше четири грешки на вториот сервис и пет конвертирани брејк топки од 10.
Во полуфиналето Гоф ќе се соочи со победничката од мечот Мира Андреева (Русија) - Лоис Боасон (Франција).
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 56,4 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА