• петок, 05 декември 2025

Гоф во осминафиналето на турнирот во Монтреал елиминирана од 85. тенисерка на светот

Гоф во осминафиналето на турнирот во Монтреал елиминирана од 85. тенисерка на светот

Монтреал, 3 август 2025 (МИА) - Американската тенисерка ноќеска Коко Гоф загуби од Канаѓанката Викторија Мбоко со резултат 1:6, 4:6 во осминафиналето на турнирот во Монтреал.

Натпреварот траеше 1 час и 3 минути. 

Дваесет и едногодишната Американка и прва носителка на турнирот имаше еден ас, шест двојни грешки и ниту една реализирана брејк-топка.

Во четвртфиналето, 85-от рекет на светот ќе се сретне со Џесика Бузас Манеиро (Шпанија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан