• сабота, 06 декември 2025

Гости од пет држави во посета на локална самоуправа Кавадарци

Гости од пет држави во посета на локална самоуправа Кавадарци
Кавадарци, 7 септември 2022 (МИА)-Гости од пет држави денеска беа во посета на локална самоуправа Кавадарци.
-Станува збор за лица коишто ја посетија локалната самоуправа  преку Еразмус плус програмата, заедно со директорот на О.О.У „Тошо Велков- Пепето", појаснија од општината Кавадарци, информирајќи за предлогот за збратимување помеѓу Кавадарци и Рошиори де Веде, Романија, а кавадаречката воспитно-образовна установа да се збратими со училиштето „Михаи Еминеску".
Покрај македонски претставници, вклучени се проектни партнери од Романија, Турција, Србија и Португалија.
Со учесниците во програмата од петте држави, се сретна Зорица Вчкова, раководител на сектор за образование, спорт и детска заштита при кавадаречката локална самоуправа. Таа меѓу другото ја нагласи поддршката од градоначалникот Митко Јанчев и беше децидна, дека развојот, е тоа, на што  континуирано се работи во Кавадарци.
Задоволство од соработката изрази и секретарот во Општината, Тодор Ефремов.
Градоначалникот Митко Јанчев изјави дека му е задоволство што гостите се тука, кога се одбележува денот на ослободувањето од фашизмот. Тој рече дека Кавадарци е втора по територија општина во државата, една од најразвиените, со мала невработеност. Јанчев се осврна и на кавадаречките потенцијали, како и на проектите што се спроведуваат.
Гостите исто така ја истакнаа важноста на заедничката соработка, во интерес на сите страни. свд/ир

Остани поврзан