• сабота, 23 ноември 2024

Гостиварската болница доби современа капела

Гостиварската болница доби современа капела

Гостивар, 1 јуни 2023 (МИА) - Со доделување на благодарници на донаторите, денеска во функција беше ставена реконструираната капела во Гостиварската општа болница.

Првиот човек на болницата Илбер Адеми ја нагласи неопходноста од ваквата единица, во најголемата здравствена установа во Гостиварско, за која рече дека е уредена и ги задоволува високите стандарди.

- И во најтешките моменти, кога губиме некој близок, важно е да се искаже почит кон починатиот. Досегашните услови во таканаречената капела не беа ни одблизу достоинствени. Со помош на наши пријатели и донатори, уреден е простор кој покрај чување на телата ќе се користи и за обдукции, рече директорот на општата болница Илбер Адеми.

Капелата се уредуваше изминативе три месеци и десетина донатори ја помогнаа инвестицијата која достигна 20 илјади евра. Покрај потребната опрема во неа се инсталирани и четири фрижидери. Просторот ќе биде на распологање на доктор по судска медицина во случај да треба да се изврши обдукција на починато лице. згм/мд/

фото: МИА

Остани поврзан