• недела, 30 јуни 2024

Гори сува трева во близина на селото Тајмиште

Гори сува трева во близина на селото Тајмиште
Кичево, 31 октомври 2022 (МИА) - Гори сува трева во близина на кичевското село Тајмиште, потврди за МИА Регионалниот центар за управување со кризи од Охрид. Според информацијата, вчера интервенирале две противпожарни возила од Кичевската пожарна со шест пожарникари и тројца вработени во шумското стопанство „Лопушник“. - На терен денеска се тројца вработени во шумското стопанство „Лопушник“. Пожарот е далеку од населените места и не постои опасност од зафаќање куќи, изјавија од РЦУК Охрид. Според РЦУК, ниско стеблеста шума и сува трева гори и во близина кичевското село Бачишта, но и таму било далеку од населеното место и не постоела опасност за населението. сс/сст/ фото МИА архива

Остани поврзан