• понеделник, 23 декември 2024

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Скопје, 11 март 2024 (МИА) – Цената на дизелот и на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 84,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,267 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,019 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,402 отсто, кај дизелот за 1,156 и кај екстра лесното масло намалување за 0,607 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 1,050 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,226 отсто. вј/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан