• недела, 07 јули 2024

Гореле куќа и магацин на две одделни локации во Куманово

Гореле куќа и магацин на две одделни локации во Куманово
Kуманово, 18 март 2022 (МИА) - Кумановските пожарникари гаселе пожар на два објекти изминатово деноноќие соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Вчера во ноќните часови гореле куќа и магацин на две одделни локации. Територијалната противпожарна единица интервенирала од 21:10 до 22:40 часот во Долно Којнаре и гасела пожар во магацин со едно возило и пет пожарникари Втората интервенција била на улицата „Романовска. Пожарникарите интервенирале на пожар на куќа час и половина во периодот од 22:40 до 00:15 часот со едно противпожарно возило и петмина пожарникари.ам/вј/

Остани поврзан