• недела, 22 декември 2024

Горан Минчев - министер за јавна администрација

Горан Минчев - министер за јавна администрација

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Горан Минчев, кој во новата Влада ќе биде министер за јавна администрација, е роден на 22.03.1972 година во Скопје.

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитет „Св.Климент Охридски“.

Во периодот од 2008 до 2014 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 2003 до 2006 година бил директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија

Претходно, од 2002 до 2003 година бил заменик директор на ЈП „Водовод и канализација“, од 2003 до 2006 година ја извршувал функцијата генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

Во неговата биографија приложена со Собранието стои и дека од компјутерски вештини познава Windows enviroments, Microsoft Advanced Office Pro Sertificate, Internet Research, Email Operative System, Project, Visio. Македонскиот јазик е наведен како мајчин јазик, а од странските јазици познава англиски.фф/дма/

Фото: Фејсбук на партијата Движење ЗНАМ - За Наша Македонија 

Остани поврзан