• петок, 05 јули 2024

Горан Бреговиќ падна од мотор и го повреди рамото

Горан Бреговиќ падна од мотор и го повреди рамото

Париз, 3 ноември 2022 (МИА) - Балканската музичка ѕвезда Горан Бреговиќ неодамна доживеал несреќа на веспа, во Париз, Франција, а при падот го повредил рамото. Според српските медиуми, раката на музичарот му е имобилизирана.

Поради тоа, тој мора да ги откаже концертите во Мексико закажани за 26., 29. и 30 октомври годинава. Бреговиќ во 2008 година доживеал слична повреда при пад од дрво, од околу четири метри висина и го скршил лумбалниот пршлен.  си/

Остани поврзан