• понеделник, 23 декември 2024

Гонзалес Лаја: Шпанија ја поддржува Северна Македонија за членство во ЕУ

Гонзалес Лаја: Шпанија ја поддржува Северна Македонија за членство во ЕУ
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја ја изрази шпанската поддршка за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, објави шпанското МНР по нејзината средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. - Министерката Аранча Гонзалес Лаја ја понуди поддршката и искуството на Шпанија за унапредување на процесот, во области како што се судскиот систем, владеењето на правото, зелената агенда или дигитализацијата, објави шпанското МНР на „Твитер“. Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот Димитров, денеска од Брисел замина  во посета на Мадрид. Ова е прва посета на Кралството Шпанија на премиерско ниво. аа/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан