• сабота, 29 јуни 2024

Голманот на ПСЖ ограбен во својот дом

Голманот на ПСЖ ограбен во својот дом

Париз, 19 декември 2023 (МИА) – Голманот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Александре Летелие, бил жртва на грабеж заедно со својата партнерка и нивните две мали деца, во семејниот дом во париското предградие Ивлин.

Тројца од четворицата извршители на грабежот, вклучувајќи двајца малолетници, се уапсени, соопшти обвинителството кое отвори истрага за изнуда со употреба на огнено оружје и киднапирање.

Според првичните информации, сопругата на играчот билa удрена во лицето, а насилниците со нож им се заканувале на сопружниците за да земат пари и накит.

Во мај годинава во својот дом беше ограбен и првиот голман на ПСЖ Џанлуиџи Донарума, а таткото на капитенот Маркињос, исто така беше жртва на насилство во 2021 година. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан