• сабота, 23 ноември 2024

Голем дел од пацифичкиот брег на САД прогласен за национален резерват

Голем дел од пацифичкиот брег на САД прогласен за национален резерват

Вашингтон, 21 октомври 2024 (МИА) - Администрацијата во Вашингтон прогласи за национален морски резерват уште еден дел од пацифичкиот брег на САД, Националниот морски резерват Чумаши, кој ќе стане трет по големина национален морски резерват во Америка, јави денеска Гласот на Америка.

Станува збор за резерват чија територија и крајбрежје се наследството на народот Чумаши – едно од називите на домородните племиња чии претставници живеат во јужните и централните делови на Калифорнија.

Морскиот резерват на наследството на Чумашите ќе зафаќа територија од околу 1,2 милиони хектари. Неговото крајбрежје ќе се протега од нуклеарната централа Диабло кањон на север до плажите Гавиота во близина на Санта Барбара на југ.

Со ова во САД сега ќе има 17 морски резервати. Националниот морски резерват Чумаши на југоисток ќе граничи со друга заштитена зона – морскиот резерват Чанел ајлендс и истоимениот национален парк.

Националната управа за океански и атмосферски истражувања на САД (НОАА) соопши кои се целите за пргласување на резерватот. Прво, тоа е заштита на биодиверзитетот, при што ова е првиот резерват создаден за оваа цел во изминатите три децении (три други, создадени во овој период, се насочени главно на зачувување на морската историја и крајбрежната култура). Новиот резерват, исто така, претставува удобен „транспортен хаб“ за локалната фауна: НОАА ја истакнува важноста за зачувувањето на слободата на движењето и миграциите на животинските видови.

Посебено што споменува НОАА е морската историја на регионот, потсетувајќи дека долж овие брегови поминувале важни трговски патишта. Во извештајот на агенцијата се наведува дека во овој регион се документирани повеќе од 200 бродоломи, вклучувајќи крајбрежни шхуни, мали едрилици и пароходи – како познатиот брод Yankee Blade,  пароход што сообраќал меѓу Сан Франциско и Панама до неговиот бродолом во 1854 година. кб/
 

Остани поврзан