• петок, 22 ноември 2024

Големо невреме во Полска, откорнати кровови на 200 куќи, 100.000 луѓе без струја

Големо невреме во Полска, откорнати кровови на 200 куќи, 100.000 луѓе без струја
Варшава, 10 јули 2021 (МИА) – Невремето што ја зафати Полска во последните неколку дена предизвика поплави и голема материјална штета низ целата земја. Противпожарните служби излегле на терен повеќе од 5.000 пати низ целата земја вчеравечер и денеска претпладне, изјави за ТВН24 портпаролот на противпожарната служба. Откорнати крововите на околу 200 куќи, претежно во покраината Лоѓ, која беше особено сериозно погодена. Многу луѓе мораа да испумпуваат вода од подрумите. Повеќе од 100.000 луѓе беа привремено без електрична енергија. Засега нема информации за евентуални жртви. јт/

Остани поврзан