• петок, 22 ноември 2024

Голден Арт го ангажираше Рајатоски и приклучи седум кадети во првиот тим

Голден Арт го ангажираше Рајатоски и приклучи седум кадети во првиот тим
Скопје, 12 август 2021 (МИА) – Битолчанецот Пеце Рајатоски е нов играч на Голден Арт. Леворакиот ракометар кој подеднакво добро се снаоѓа на позициите десен бек и десно крило е последното засилување и со тоа се затвора списокот на играчи кои оваа година ќе настапуваат во дресот на Голден Арт КЛ7, во обид клубот да се врати во Суперлигата, соопшти клубот од Скопје. Минатата сезона Рајатоски настапуваше за Струга. Тој е поранешен јуниорски репрезентативец, играч со голем потенцијал и заедно со Колоски кој веќе тренира со екипата ќе имаат шанса да тренираат на високо ниво и со повеќе време поминато во игра да го достигнат зенитот на својата играчка зрелост. Исто така, и седуммината млади ракометари се приклучени кон првиот тим, момчиња родени 2004/05, кои рамноправно ќе конкурираат за место во првиот тим на Матлиески. - Голден Арт со стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона продолжува со својата политика за инвестирање во млади македонски ракометари вклучувајќи во првиот тим неколку кадети од втората екипа, Андреј Глигоров, Кристијан Стаменковиќ, Дарко Пасковски, Кристијан Самоиловски, Петар Зафировски, Бранко Јосифовски и Петар Стојановски, ракометари родени 2004/05 година. Овие млади играчи се иднината на клубот и рамноправно ќе се борат за место во првиот тим, истакнуваат од Голден Арт КЛ7. зс/

Остани поврзан