• петок, 22 ноември 2024

Годишната стапка на инфлацијата во Турција во септември се намали на 49,3 отсто

Годишната стапка на инфлацијата во Турција во септември се намали на 49,3 отсто

Анкара, 3 октомври 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлацијата во Турција во септември се намали од 51,97 отсто на 49,38 отсто, соопшти денеска Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Ова е четврти последователен пад на годишната инфлација во Турција, која сега е најниска од јули 2023 година.

Во септември цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција се зголемени за 43,72 отсто на годишно ниво, како и цените на превозот за 26,6 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 65,41 отсто, алкохолните пијалоци и тутунот за 52,35 отсто, услугите во здравството за 50,7 проценти и образованието за 93,59 проценти, но во сите споменати категории растот на цените на годишно ниво е побавен отколку во август.

На месечна основа инфлацијата е зголемена за 2,97 отсто во однос на август, се наведува на веб-страницата на Туркстат.

Главна причина е зголемувањето на цените во категоријата образование, кои месечно се зголемуваат за 14,2 отсто поради школарината на факултетите и поскапувањето на училишниот превоз.

Гувернерот на Централната банка на Турција, Фатих Карахан денеска ќе се обрати пред пратениците во турскиот Парламент, пренесува „Блумберг“.

Централната банка на Турција на 19 септември одлучи  да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан