Годинава регистриран рекорден број патници на аеродромот во Тирана
Тирана, 30 септември 2023 (МИА) - На меѓународниот аеродромот во Тирана годинава регистриран е рекорден број патници.
- Нивниот број од јануари до 25 септември изнесува 5,2 милиони, надминувајќи го рекордот од претходната година, што подразбира дека до крајот на годинава тој број ќе биде многу повисок, јавија медиумите.
Големиот број патници доаѓа и како резултат на успешната летна туристичка сезона која годинава се смета за рекордна.
Според ИНСТАТ годинава, за осум месеци, земјата ја посетиле 7,2 милиони странци, што е за 26,9 отсто повеќе од истиот период минатата година.
Рекордна туристичка жетва Албанија забележа минатата година кога ја посетија 7,5 милиони туристи, бројка која годинава повеќе од сигурно е дека ќе биде поголема. вт/