ГН на Саудиска Арабија: Пол – позицијата за Ферстапен
- Ферстапен до својата 34 пол – позиција во кариера дојде со 319 илјадинки подобар резултат од Шарл Леклер (Ферари), кој ќе му прави друштво во првиот ред.
Џеда, 8 март 2024 (МИА) – Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен, ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија, втора во календарот за оваа сезона.
Ферстапен до својата 34 пол – позиција во кариера дојде со 319 илјадинки подобар резултат од Шарл Леклер (Ферари), кој ќе му прави друштво во првиот ред.
Од вториот ред ќе стартуваат Серхио Перез (Ред Бул) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин – Мерцедес).
Од петтото до десеттото место на денешните квалификации се пласираа Оскар Пјастри, Ландо Норис, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Јуки Цунода и Ланс Строл. ег ФОТО: Икс