• петок, 22 ноември 2024

ГН на Велика Британија: Расел стартува од пол – позицијата

ГН на Велика Британија: Расел стартува од пол – позицијата

 

Лондон, 6 јули 2024 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија, откако беше најбрз на денешните квалификации.

Расел ја освои пол-позицијата на патеката Силверстоун со време од 1:25.819 минути.

За британскиот возач ова е трета пол-позиција во кариерата.

Расел беше 0,171 секунди побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон, и 0,526 секунди побрз од Ландо Норис во Мекларен.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Макс Ферстапен од Ред Бул имаше четврто време.

Трката за Големата награда на Велика Британија е на програмата утре од 16:00 часот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан