• понеделник, 23 декември 2024

Глобална недела на претприемништво 2022

Глобална недела на претприемништво 2022
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) – Земјава и годинава повторно ќе биде дел од Глобалната недела на претприемништвото (ГНП) која се одржува од денеска до 20 ноември. Станува збор за еднонеделна светска иницијатива која се случува истовремено во повеќе од 200 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности и настани насочени кон промоција на претприемништвото, зајакнување на постоечки и создавање нови партнерства како и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемачкиот екосистем во државата. Четирите теми на 15-тото јубилејно издание на ГНП се стекнување претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование, инспирирање на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка, промовирање поголема инклузивност како и квалитетно креирање политики во рамки на соработката помеѓу екосистемот и носителите на одлуки. Дел од фокусот оваа година се младите и младинското претприемништво, како и зелената технологија и одржливите претприемачки потфати. Во рамки на ГНП предвидени се повеќе од 45 настани со над 100 говорници, а домаќин во земјава е асоцијацијата Стартап Македонија која заедно со бројни партнери и соработници од приватниот и граѓанскиот сектор и високото образование ќе говорат на разни теми поврзани со можностите и предизвиците со кои се соочува екосистемот. вј/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан