• вторник, 05 ноември 2024

Гласање во Парламентот на ФБиХ за Законот за забрана за пушење

Гласање во Парламентот на ФБиХ за Законот за забрана за пушење
Сараево, 26 мај 2021 (МИА) - Пратениците во Парламентот на Федерација Босна и Херцеговина денеска ќе гласаат предлог законот за контрола и ограничена употреба на тутун на територијата на тој ентитет. Со донесувањето на законот целосно ќе се забрани конзумација на тутунски производи во сите затворени простори, јавниот превоз и приватните автомобили, во кои има деца. Тоа ќе биде најстрогиот закон досега, што подразбира целосна забрана за конзумација на тутун и производи од тутун во сите затворени јавни простори, на работните места и во јавниот превоз. Исклучок е тутун за џвакање. Предлог-законот го испрати Владата на ФБиХ, што предизвика бројни реакции во јавноста. ми/

Остани поврзан