• вторник, 05 ноември 2024

Гладков: Еден загинат, неколку повредени во последниот украински напад врз Русија

Гладков: Еден загинат, неколку повредени во последниот украински напад врз Русија

Москва, 14 март 2024 (МИА) -   Едно лице загина, а три се повредени во украинските напади врз рускиот пограничен регион Белгород, соопштија руските власти рано утринава, пренесе ДПА.

„Едно лице загина откако му бил погоден автомобилот, додека еден маж и две жени се повредени“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм.

Во нападот се оштетени и неколку згради, додаде тој.

Руското Министерство за одбрана, претходно соопшти дека осум украински проектили биле соборени од противвоздушната одбрана при нивното приближување до Белгород.

Не беше можно првично да се проверат тврдењата, додава ДПА.

Првичните снимки кои кружат на социјалните мрежи не покажаа дали штетата е предизвикана од паѓање на остатоци или дали проектилите успеале да ги погодат своите цели. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан