• понеделник, 23 декември 2024

Гладков: Гори енергетска централа во Белгород врз која дрон фрли бомба

Гладков: Гори енергетска централа во Белгород врз која дрон фрли бомба

Белгород, 5 јуни 2023 (МИА) – Гувернерот на рускиот Белгородски огруг Вјечеслав Гладков утринава  соопшти дека во овој регион избувнал пожар во енергетска централа, потврдувајчи дека пожарот бил предизвикан од бомба фрлена од дрон.

Гувернерот тврди дека во нападот нема повредени, а објектот не е оштетен.

Проукраински сили, составени од руски бунтовници, веќе неколку недели вршат диверзантски акции во Белгородската област.

Во последниот вчерашен напад на овие руски партизани биле заробени неколку руски војници, кои, наведуваат овие проукраински сили, ќе им ги предадат на украинските власти.

Рускиот волонтерски корпус ова го соопшти преку видео порака на каналот Телеграм, откако претходно беше нападнато село во руската Белгородска област. 

Корпусот, заедно со борците од руската Легија на слободата, ја презеде одговорноста за серијата напади на руска територија, вклучително и нападот минатата недела во кој Москва соопшти дека двајца цивили биле убиени за време на борбите. сд/

Остани поврзан