• петок, 05 декември 2025

Главните автопатишта во Израел затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Главните автопатишта во Израел затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Тел Авив, 26 јули 2025 (МИА) - Главните патишта во Израел денеска беа затворени поради протест на кој граѓаните бараат ослободување на заложниците и прекин на војната во Појасот Газа.

„Тајмс оф Израел“ пренесе дека автопатот северно од Тел Авив денеска беше затворен за сообраќај откако демонстрантите запалија оган на средината од коловозот, а делови од друг автопат што ги поврзува градот и Ерусалим беа затворени.

Израелските власти веруваат дека во Газа има 20 заложници, како и тела на 30 мртви, а палестинските власти велат дека повеќе од 62.000 луѓе се убиени во енклавата од октомври 2023 година. 

Остани поврзан