• петок, 05 декември 2025

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Лондон, 29 јуни 2025 (МИА) - Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида.

Тој ќе им се придружи на „сините“, кои ја елиминираа Бенфика со 4-1 по продолженијата и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство .

Челси првично беше заинтересиран да потпише со Гитенс пред почетокот на Светското клупско првенство, но наводно не успеа да го исполни барањето на Борусија Дортмунд од околу 65 милиони евра. Износот за кој клубовите веќе се согласиле не беше објавен од германскиот клуб.

Се очекува Гитенс, кој не играше за Борусија Дортмунд во САД поради болест, да потпише договор со „сините“ до 2032 година, објавија германските медиуми. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан