• четврток, 19 декември 2024

Гинеколошко-акушерскиот оддел од Кумановската болница со посебен режим на работа

Гинеколошко-акушерскиот оддел од Кумановската болница со посебен режим на работа
Куманово, 10 април 2020 (МИА)Посебен режим на работа се воведува од денеска на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово, објавија од болницата.
- Поради вонредната состојба со Ковид -19 и појава на позитивни тестови кај неколку вработени од Гинеколошко-акушерскиот оддел, а со цел најпрофесионален однос кон потенцијалните пациентки, ве известуваме дека Гинеколошко-акушерски оддел од 10 април 2020 година ќе биде под посебен режим на работа. Сите пациентки, чија здравствена состојба дозволува понатамошен третман на УГАК Скопје или Специјална болница Мајка Тереза“ во Чаир, со претходна најава од свој матичен гинеколог ќе бидат упатени во една од овие институции, информираат од болницата.
Оттаму додаваат дека сите итни и неодложни животно-загрозувачки случаи од гинеколошко акушерска природа ќе бидат најпрофесионално третирани на Гинеколошко акушерското оделение.
Од Општата болница Куманово известуваат дека за секоја понатамошна промена во режимот на работата на Гинеколошко-акушерскиот одел, граѓаните навремено ќе бидат информирани. ам/мд/

Остани поврзан