• четврток, 21 ноември 2024

Гимназијата ,,Миле Јаневски - Џингар" од Македонска Каменица утре организира Отворен ден на училиштето

Гимназијата ,,Миле Јаневски - Џингар

Македонска Каменица, 16 мај 2024 (МИА) - Гимназијата „Миле Јаневски - Џингар“ од Македонска Каменица утре ќе ги отвори вратите за идните средношколци. За учениците од Основното училиште „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, но и од регионот, како што информираа од училиштето, утре ќе биде организиран Отворен ден на училиштето.

-Почитувани полуматуранти и родители, на прагот на вашето завршување на основното образование многу е важна одлуката каде да го продолжите средното образование . Нашето училиште ви нуди можност на отворениот ден на училиштето, кој ќе се одржи на 17.05.2024 (петок), од блиску да се запознаете со струките и образовните профили кои ги нудиме, информираа од СОУ „Миле Јаневски - Џингар“.

Во рамки на Отворениот ден во каменичката гимназија, полуматурантите ќе можат да дознаат нешто повеќе и за самите технички можности во наставата преку разгледување на училниците и кабинетите во училиштето. 

-Полуматурантите ќе имаат можност да разговараат и со професори од сите струки кои ќе им објаснат подетално за секој профил и ќе им одгoворат на сите прашања кои ги имаат, додадоа од СОУ „Миле Јаневски - Џингар“.

Отворениот ден на училиштето, како што додадоа, ќе се реализира во периодот од 11 до 13 часот. вс/мд/


Фото: МИА

 

Остани поврзан