• четврток, 27 јуни 2024

Гигс препорача уште еден играч на Манчестер Јунајтед

Гигс препорача уште еден играч на Манчестер Јунајтед
Манчестер, 10 мај 2020 (МИА) - Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го советуваше клубот да земе уште еден играч што многу добро го познава - Џо Роден од Свонси, открива „Мирор“. Минатото лето, велшкиот тренер го препорача Даниел Џејмс, кој досега ги исполни очекувањата. Роден има 22 години и игра како централен дефанзивец. Тој е дете на Свонси и Гигс веќе му даде шанса да го направи своето тим деби за „змејовите“. Се споменува трансфер од 20 милиони фунти. Сепак, има информации за интерес за него и од ривалот Манчестер Сити.

Тагови

Остани поврзан