• недела, 22 декември 2024

Гетинг ќе раководи со Лабуристичката партија во Велс, ќе биде прв лидер на локалната полуавтономна влада од црната раса

Гетинг ќе раководи со Лабуристичката партија во Велс, ќе биде прв лидер на локалната полуавтономна влада од црната раса

Kардиф, 16 март 2024 (МИА) - Воган Гетинг денеска е избран за нов лидер на Лабуристичката партија во Велс, што значи дека ќе стане првиот лидер на локалната полуавтономна влада од црната раса.

„Денес вртиме страница во историјата на нашата нација... не само затоа што ја имам честа да станам првиот лидер од црната раса во која било европска земја, туку и затоа што е надмината границата меѓу поколенијата“, рече 50-годишниот Гетинг во говорот по објавувањето на резултатот.

Гетинг, роден во Замбија, кој претходно беше министер за економија на Велс, ќе го замени досегашниот велшки прв министер Марк Дрејкфорд, кој поднесе оставка во декември и го најави своето заминување по пет години раководење со велшката влада, која е одговорна за ограничен број делегирани сектори, вклучително здравство и образование.

Дрејкфорд ќе се повлече од функцијата на 19 март, се вели во соопштението на Лабуристичката партија, а велшкиот Парламент, наречен Сенед, формално ќе го избере следниот лидер на 20 март.

Честитајќи му ја победата на Гетинг, британскиот премиер Риши Сунак на социјалните мрежи рече дека ќе се ангажира за конструктивна соработка. рп/

Фото: БЕТА

Остани поврзан